spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБрвеница: Опомена за блокирање на трансакциони сметки

Брвеница: Опомена за блокирање на трансакциони сметки

Општина Брвеница ги известува граѓаните и фирмите дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот .

Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година и постари, да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 31.01.2023 година.

За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до одделението за даноци на имот на следните телефонски броеви 044/455-015, 070/295-241, 070/665-070,

како и на следните е-маил адреси:
opstina @brvenica.gov.mk
dashmire.ziberi@hotmail.com
rexhije.bajrami@hotmail.com.

Општина Брвеница освен со оваа Јавна објава, сите должници ќе ги објави во огласна табла на општината а со тоа ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ странките дека после 01.02.2023 година ќе се смета дека истите биле Уредно информирани, предупредени и е извршена уредна достава на ОПОМЕНИ а со тоа сите негативни последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

Документ

 

 

 

Извор: Општина Брвеница

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...