HomeОпштиниВаландово: Одржана работилница за прекугранична соработка на младите преку INTERREG IPA CBC...

Валандово: Одржана работилница за прекугранична соработка на младите преку INTERREG IPA CBC програми

spot_img
spot_img

Се одржа работилница на тема: Што им се нуди на младите? – Интерег – ИПА програми со фокус на можностите и ресурсите кои им стојат на располагање на младите.

На работилницата, младите од локалните и националните институции и организации кои работат на младински политики дискутираа за можноста да се вклучат во Интерег – ИПА програмите и да реализираат иницијативи кои се од значење за нив. Како претставник од нашата општина, на работилницата учествуваше Владимир Лазов, кој е службеник за млади.

Општина Валандово испишува успешна приказна на ова поле. Претходниот период младинскиот инфо центар „Спојувалка“, кој е дел од мрежата на Младински Сојуз крушево воспостави успешна прекугранична соработка со Грција, организираше повеќе настани и активности со млади и поттикна на нови поврзувања меѓу двата соседни народи.

Работилницата беше организирана од Националниот младински совет на Македонија во соработка со Институтот за соработка и развој во Албанија, Европската комисија, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за локална самоуправа.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија