spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингIute Star -вработен на месецот во Иуте Кредит Македонија

Iute Star -вработен на месецот во Иуте Кредит Македонија

Даниела Николоска, CABO во IuteCredit Macedonia

Даниела или како што велиме „нашата Дани“, изминатиот месец заслужено ја понесе титулата Iute Star. Taa е дел од тимот на советници за клиенти (Customer Advisor Back Office) во контакт центарот на Иуте Кредит Македонија од март 2022 година. Интересно е што Дани од самиот почеток многу е ориентирана кон деталите во работата, секогаш позитивна и смирена.

Ти благодариме за твојата посветеност, неуморно вложување и успешно надминување на сите предизвици. Голема е честа што те имаме во тимот на Иуте Кредит Македонија.

Во прилог следи кратко интервју со нашата вработена.

  • Како започна твојата приказна во ИутеКредит Македонија?

Мојата приказна во ИутеКредит Македонија започна сосем случајно во март 2022 година. Пројавив интерес за делот на финансирање и покрај тоа што до сега не сум имала работно искуство од оваа област. И благодарам на компанијата што ми овозможи да сум дел од неа. За кратко време активно се вклучив во работните активности. Сега сум горда што и јас веќе допринесувам да имаме толку многу задоволни корисници.

  • Која  е тајната формула за постигнатиот успех во работата?

Тајната формула за мојот успех е дејствување кон остварување на мојата цел. Јас како дел од Customer Advisor Back Office фокусирана сум на продуктивност, тимска работа, и заедно со тимот креираме исклучително корисничко искуство, а тоа е главната причина поради која корисниците се враќаат кај нас ? и ги користат нашите услуги.

  • Кое e првото место во светот на твојата листата за патување и зошто?

Топ дестинација за која подолго време размислувам и сакам да ја посетам е Барселона. Прва причина е бидејќи сакам плажа и море, но и покрај тоа може да се посети Музејот на Пикасо, готскиот кварт со градби од средновековен период, голем број цркви, катедрали, паркови…

  • Кој е твојот омилен пијалок?

Мојот омилен пијалок е Bacardi Breezer – летен, освежителен пијалок.

  • Кажи ни го твојот омилен слоган или мотото по кое најчесто се водиш во животот?

Ќе издвојам два мои слогани:

-Кога сакаш нешто да ти се исполни немој да склопуваш раце и да се молиш да ти се исполни, туку трагај по тоа нешто.

-Нашите недостатоци се нашите најдобри учители.

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...