spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Преку донација од Општина Раденци, ќе се подобруваат комуналните услуги

Берово: Преку донација од Општина Раденци, ќе се подобруваат комуналните услуги

Во Берово,присуствува делегација од Општина Раденци, Република Словенија , кои донираа товарно возило, марка IVECO, за потребите на ЈПКР ,,Услуга”Берово, за подобрување на комуналните услуги.

Добредојде на гостите  во Општина Берово,им посака Градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека Општина Берово, засекогаш ќе ја памти Општина Раденци, најпрво како верни пријатели, а потоа и како  голема поддршка во унапредување на општинските услуги.

-Се надевам дека удобно се сместивте и уживате во убавините кои ги нуди Берово и ви посакувам пријатен престој и убаво да си поминете за време на вашиот престој, да го памтите Берово само по убави моменти и да знаете дека имате пријатели засекогаш. Сакам  да истакнам голема благодарност за донираното возило и за беспрекорноста во постапката. Благодарноста ја упатувам до градоначалникот Роман Лељак, до словенечкиот народ и секако до сите, кои дадоа свој придонес за возилото безбедно да стигне во Македонија- истакна Пекевски.

Ова е една исклучително важна донација, со која се олеснува комуналниот сервис на услуги кон граѓаните на општина Берово и воедно прва донација на општината, во 2023 година. Во  текот на денешниот ден, ќе бидат завршени и  царинските услуги и веќе од утре ,возилото ќе биде ставено во употреба и во служба на граѓаните на Општина Берово. Се разбира дека возниот парк е секогаш мал, ако се имаат во предвид сите барање на граѓаните, меѓутоа ние секогаш се стремиме кон унапредување на состојбите на локално ниво, па така, овојпат тоа припадна на унапредување на комуналниот сервис, додаде Пекевски.

Градоначалникот на Општина Раденци, Roman Leljak, упати благодарност за топлиот прием, истакнувајќи дека по втор пат е во Берово и дека тука се чуствува пријатно.

Донацијата која ја дадовме на Општина Берово е резултат на соработка на 10 помали општини во Република  Словенија, а ние како општина направивме онолку колку што можевме за Берово да ги подобри комуналните услуги за граѓаните. Секако дека најважно од се е да шириме пријателство, да се дружиме и да го споделуваме тоа и со жителите од двете општини- додаде Leljak.

Благодарност за донираното возило истакна и Директорот на ЈПКР ,,Услуга “ Берово,  Илија Рунтевски, кои ќе бидат крајни корисници на донацијата, кој истакна дека со  ова возило, јавното претпријатие ќе обезбеди подобар сервис кон граѓаните.

Во делегацијата од Општина Раденци, во посета на Берово, се и заменик градоначалнкот на Раденци,  претставници од проектна единица во општината,  секорот за туризам, спорт и култура, кои со претставниците на институциите на локално ниво, од Берово,  разменија мислења и искуства и разговараа за можноста за соработка.

Двајцата градоначалници, заедно со претставници од двете општини, ја посетија улицата ,,Жан Кофол”, во Берово,  која што претставува мост на соработка помеѓу двете држави.

 

Погледнете: ??

 

 

Општина Берово 

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте