spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Изградбата на новиот кружен тек кај Стришанска чешма е во завршна...

Кочани: Изградбата на новиот кружен тек кај Стришанска чешма е во завршна фаза

Во завршни фази е изградбата на новиот кружен тек на улицата „Димитар Влахов“ кај Стришанска чешма со поставување на потребната сообраќајна сигнализација.

Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци.

Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж на раскрсницата. Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“.

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...