spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Договор за користење на опремата за спроведување на GLOBE Програмата

Ѓорче Петров: Договор за користење на опремата за спроведување на GLOBE Програмата

Општина Ѓорче Петров и преставници од GLOBE го потпишаа Договорот за трајно користење на опремата за спроведување на GLOBE Програмата, светски проект според кој учениците учат за важноста на животната средина преку секојдневни мерења и набљудувања.

ООУ „Мирче Ацев“ е едно од 27 – те основни и средни училишта во државата што добиваат техничка опрема на трајно користење без надомест, а на ваков начин остваруваме една важна и благородна мисија во две области од клучно значење за нашата иднина – заштита на животната средина и едукација на учениците како да ја зачуваат и да обезбедат квалитетен живот.

Програмата предвидува редовни и континуирани мерења и набљудувања на учениците во непосредна близина на училиштето под водство на нивните наставници кои претходно беа обучени за спроведување на Програмата.

Важноста на програмата GLOBE во наставните програми кај децата е голема и ќе овозможи постигнување нови успеси и меѓународно признати резултати.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте