spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Известување за заловување на бездомни животни на улица Партизанска

Битола: Известување за заловување на бездомни животни на улица Партизанска

Општина Битола, ги известува граѓаните дека, почнувајќи од 27.01.2023 година, до 03.02.2023, економскиот оператор „ПРОВЕТАЛЕК“ ДООЕЛ, согласно склучениот договор со општината за набавка на услуги за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Битола, ќе врши заловување на кучиња на улицата „Партизанска“, на потегот од кружниот тек кај „Веро“ до раскрсницата со улица „Никола Тесла“ (кај Расчекор).

Податоците за секое заловено куче се внесуваат во ветеринарно-информативниот систем и се однесуваат на: локација на заловување (гео координати),  извршен тест за социјализација, аплицирана ушна маркица со број и ознака БТ, бар код од микрочип, извршен тест за детекција на антитела на лајшманија, хируршки зафат – кастрација или стерилизација, вакцинација против беснило со дехелментизација и податоци за враќање во реон на заловување или вдомување. На овој начин, се врши соодветен хуман третман на кучињата, но и заштита на населението, како од каснувања, така и од можноста за создавање средина која е потенцијален извор за пренесување на одредени зоонози и паразитарни заболувања.

Со цел, ефикасно делување и овозможување поддршка и соработка со граѓаните во спроведувањето на процесот на заловување, општина Битола ја известува јавноста дека:

  • Сопствениците на кучиња не смеат да ги напуштаат домашните миленици (утврдено во член 26 став 2 од Законот)
  • Домашните миленици задолжително да се движат во придружба на сопственикот со поводник – движење без поводник во придружба на сопственик е дозволено само во градскиот парк на местото означено како парк за миленици
  • Сопствениците на кучиња, согласно закон се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.
  • При лоцирање на испуштање на кучиња, граѓаните задолжително да пријават на телефонскиот број 047208317
  • Секое непочитување на Законот за заштита и благосостојба на животните да се пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство

Во овој период, контролата на терен ќе биде зголемена и активно ќе се преземаат законски предвидените мерки. За да може да се постигне поголем ефект во спроведувањето на мерките, неопходна е поддршка и соработка на општината и другите институции со граѓаните.

После вчерашната информација од општина Битола, до општината доставени се две пријави, од кои една за несоодветно постапување од страна на сопственик кон агресивно куче и лоциран граѓанин кој испушта кучиња во пакет во близина на Завод и музеј. Пријавите се евидентирани и по истите се постапува од страна на надлежните служби.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...