HomeОпштиниБитола: Започнато осовременување со новиот Дигитален Систем

Битола: Започнато осовременување со новиот Дигитален Систем

spot_img
spot_img

По потпишувањето на договорот за „Набавка на интегриран систем ГИС систем и систем за електронски постапки“, со кој општина Битола целосно ќе го дигитализира и модернизира процесот на работа, денес започнаа првите работни активности за неговото спроведување.

Претставниците на компанијата „Интелегент нетворк солушн ДОО Скопје“, заедно со дел од вработените, веќе ги започнаа активностите, кои во наредниот период,  ќе се одвиваат според зададената динамика согласно техничките спецификации.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, високо во приоритетите за квалитетна работа на општината ја позиционираше дигитализацијата на услугите, со која ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност на општинската администрација.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија