spot_img

Битола: Во соработка со техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” се продолжува со новите инвестиции

ОпштиниБитола: Во соработка со техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” се продолжува со новите...

Најчитано

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го посети Средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов” од Битола, каде во изминатата една година, со поддршка од општината, беа реализирани повеќе активности, инфраструктурни проекти и набавка на мебел и опрема, значајни за континуираниот развој на училиштето, а во насока на подобрување на квалитетот на образованието и воспитувањето, преку создавање на подобри услови за работа.

В.Д. Директорката на СОТУ,,Ѓорѓи Наумов”, Жанета Сервини, потсети на сите позначајни активности кои во изминатиот период имаа свое влијание врз унапредувањето на состојбата на училиштето, имајќи ги во предвид потребите на воспитно – образовниот процес во корелација со потребите на пазарот на трудот. Во овој контекст, покрај воведениот континуитет на работа и поддршката од општината, во 2022 година, во училиштето завршена е реконструкцијата на надворешните спортски терени, односно теренот за футсал, кошаркарското игралиште и осветлување на истите со соодветни рефлектори, а набавени се 93 персонални компјутери со кои ќе се опремат повеќе кабинети, потребни за квалитетна реализација на целокупната настава, посебно на стручните предмети (кабинет за мултимедија, кабинети за електро-струката и за машинската струка итн). Изминатата година, извршена е и реконструкција на тоалети, соблекувални, поплочување со бехатон – плочки на пешачката патека за граѓаните, поплочување на средишниот отворен дел во училиштето (пацио) и поставување на соодветна урбана опрема. Исто така, извршена е реконструкција и поправка на паркетот во спортската сала, а извршена е набавка на дополнителен мебел и друг инвентар во училиштето.

Во меѓувреме во соработка со Општина Битола, отпочната е постапка за набавка  на фотоволтаици, како важен чекор за енергетска заштеда во училиштата, а индиректно и во општината.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, при посетата на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”, констатира дека во периодот што следува, општината продолжува со подигнување на нивото на ефикасност и поттикнување и понатамошно поддржување на развојот на училишната инфраструктура и создавање на привлечна училишна клима, како за развој и реализација на училишни проекти, така и за развој на поголеми инвестициски зафати.

 

 

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе