HomeОпштиниДелчево: Објавени јавните повици за доделување финансиска помош на спортски здруженија и...

Делчево: Објавени јавните повици за доделување финансиска помош на спортски здруженија и здруженија на граѓани

spot_img
spot_img

Општина Делчево денеска ги објави двата јавни повици за доделување финансиска помош во две категории, спорт и граѓански сектор.

Годинава во Буџетот на Општина Делчево за оваа намена се предвидени вкупно 1,29 милиони денари кои ќе бидат трансферирани до спортските здруженија,клубови и сл, но и до граѓанските кои функционираат на територијата на Општина Делчево. Од овие средства 890.000 денари се наменети за спортските здруженија, клубови, правни лица, додека 400.000 денари ќе се распределат на граѓанските здруженија.

Согласно со Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се: локалниот економски развој; техниката; образованието; културата; уметноста; социјалната заштита; заштитата на животната средина. Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево, а право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.

Исто така, право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат условите: да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација; да дејствуваат на територија на Општина Делчево; спортските клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, како и правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

Пријавата заедно со документација се доставува до Aрхивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.

Рокот за пријавување е 15 дена, односно од 30.01.2023 до 13.02.2023 г.

ПРИЈАВА ЗА СПОРТСКИ

ПРИЈАВА ЗА ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

ИЗЈАВА

Подетални информации за јавните повици можете да добиете на следниве линкови.

Извор: Општина Делчево

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија