HomeОпштиниДојран: Работна средба на градоначалникот Ангов со амбасадорката на Грција

Дојран: Работна средба на градоначалникот Ангов со амбасадорката на Грција

spot_img
spot_img
Во работна посета на Општина Дојран беа Н.Е Sophia Philippidou, Амбасадор на Р. Грција во Р. С. Македонија и Maria Diagounma, раководител на конзуларното претставништво во Амбасадата на Р. Грција во нашата земја.
​На едночасовната средба, се отворија повеќе теми на разговор, но најважно од се беше обостраната подготвеност за продлабочување на добрососедските односи помеѓу двете земји.
Прекугранична соработка на ИПА проекти, заедничко аплицирање за средства од фондовите на Европската Унија и секако, грижата за добросостојбата на Дојранското Езеро се врвни приоритети за нашата општина и токму затоа најпрво се отвори дискусија за овие прашања.
Амбасадорката беше запознаена со странските инвестиции во нашата општина, можностите за инвестирање, туристичките потенцијали, бројот на грчки граѓани кои секојдневно поминуваат низ граничниот премин Дојран и детали за нашата соработка со општините Серес и Кукуш од грчка страна.
Ќе се разгледа можноста за соработка во полето на здравствената заштита, исто така ќе се превземат конкретни чекори за унапредување на соработката помеѓу двете држави, а особено помеѓу општините кои се директно засегнати за добросостојбата на езерото.

 

 

 

Извор: Општина Дојран

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија