spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски на увид на „Радушка“- улицата добива нова фекална мрежа...

Ѓорче Петров: Стојкоски на увид на „Радушка“- улицата добива нова фекална мрежа од 428 метри

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска изврши увид во градежните активности на ул.„Радушка“ каде во моментов интензивно се работи на нова фекална мрежа во должина од 428 метри.

Со проектот опфатени се краците 5 и 6. Според динамиката на работа, канализационата мрежа треба да финишира за еден месец.

Минатата година на ул.„Радушка“ беше изведена потполно нова атмосферска линија во должина од 1.115 метри. Решавањето на овој проблем беше од круцијална важност за граѓаните од овој дел на општината, поради олеснување на движењето и сообраќањето по улицата. Со финализирање и на овој проект ќе биде решен децениски проблем на граѓаните на една од најстарите улици во Ѓорче Петров.

Согласно временските услови и со почеток на градежната сезона, во периодот што следува, интензивно ќе се продолжи со инфраструктурни активности низ општината.

Фекалната мрежа што во моментот се спроведува на ул.„Радушка“ е во вредност од 3.000.000 денари и истата е кофинансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а со дел од средствата учествува и општина Ѓорче Петров.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...