spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ќе се наградат училишта кои имаат најдобар ЕКО ДВОР

Карпош: Ќе се наградат училишта кои имаат најдобар ЕКО ДВОР

Советот на Општина Карпош денеска го одржа продолжението на дваесеттата седница, откако првиот дел беше реализиран  пред точно една недела (30.01.2023), каде беа разгледувани 15 точки од вкупно 36. По куса дискусија, едногласно беше усвоена Одлуката за збратимување на Општина Карпош со Општина Л-Исла (Малта), откако пред две седмици градоначалниците Јакимовски и Пулис го потпишаа официјалниот меморандум за збратимување.

 

Со одлука на Советот беше поддржан предлогот за организирање на продолжен престој за четвртоодделенците од основните училишта на територија на локалната самоуправа. Имено, со оваа Одлука се дава согласност за обезбедување на финансиски средства од Буџетот на Општина Карпош за 2023 година, за ангажирање на одделенски наставници, за реализирање на настава со физичко присуство со продолжен престој за ученици од четврто одделение, кои во претходните учебни години следеле настава во продолжен престој.

Советниците го изгласаа и предлог-решението за формирање на Комисија за избор на награди за најдобро уреден еко-училишен двор за 2023 година. Оттука, наградените училишта ќе добијат финансиски средства во висина од 70.000 денари за прво место и 50.000 денари за второ.

 

На седницата беа разгледани заклучоците и потоа усвоени Извештаите за реализираните Програми за активностите на Општина Карпош, поточно на Секторите и Одделенијата кои функционираат во рамки на локалната самоуправа.

 

Со истата динамика беше усвоена и Предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општината во областа на образованието за 2023 година. Поконкретно, се дополнуваат проектните активности со додавање на новата 16. точка, со која се ослободуваат учениците (деца на бранители), од плаќање на месечен надоместок за ужинка/топол оброк. Станува збор за основците (деца на бранители), кои учат во општинските училишта на територија на општина Карпош.  Следствено на ова, Секторот за дејности од јавен интерес ќе ја достави оваа Одлука до општинските основни училишта во Карпош, со цел истата да биде реализирана преку училишните одбори. Училиштата пак, треба да достават до локалната самоуправа и до правните лица кои го подготвуваат топлиот оброк/ужинка, – список на ученици чии родители се  бранители. Потоа, правните лица ќе изработат месечни фактури кон Општина Карпош за реализираните топли оброци/ужинки. За оваа намена, локалната самоуправа од Карпош во рамки на својот Буџет предвиде финансиска рамка во висина од 200.000 денари.

 

Советот даде „зелено светло“ за формирање на Комисијата која ќе ја изработи Програмата за работата на Советот на Општина Карпош за 2023 година. Со мнозинство гласови, советниците ги усвоија предлозите за именување на членови во Комисијата за Карпошово културно лето 2023 и уметничко творештво, како и на членовите на Комисијата за стипендии за талентирани спортисти – ученици во осмо и деветто одделение, еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација и финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Карпош.

 

Исто така, беше усвоено Решението за формирање на Комисија за реализирање на програмските активности на локалната самоуправа од областа на образованието за 2023 година. Членовите на оваа Комисија ќе расправаат за проектните активности какви што се, доделување на стипендии за талентирани  ученици од основните училишта во Карпош како и на еднократна финансиска поддршка од областа на образованието,  финансиска поддршка на образовни проекти, избор на најдобра литературна творба, хорски натпревар меѓу училиштата и одбележување на годишнината од формирање на Општина Карпош со манифестацијата „Карпош има талент“.

 

По претходна дебата, советниците ја усвоија и Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето  на Карпош за 2023 година. Покрај просторниот опфат и предмет, Програмата содржи општи и конкретни цели по населени места, урбани блокови и локалитети. Притоа, елаборирана е маркетинг стратегијата за промоција на градежното земјиште што е предмет на оваа Програма, вклучувајќи ја тука и динамиката за нејзината реализација. Направена е стручна проценка на финансиските приливи по однос на реализација (приходна страна), како и проценка на потребните финансиски средства (расходна страна на Програмата). Овој документ содржи и табеларен преглед на градежни парцели за оттуѓување по пат на јавно наддавање за тековнава 2023 година. Конкретно, станува збор за градежни парцели на локалитетот кај Касарната „Илинден“ кои се опфатени со Деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, блок 4.

 

Стручните служби од локалната самоуправа детално го образложија Заклучокот за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош, за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 1. јануари до 31. декември 2022 година. Во овој финансиски документ се прикажани вкупните планирани приходи со Буџетот за 2022 година во износ од 1.185.878.000 денари, како и реализираните приходи за четвртиот квартал во износ од 1.096.045.029 денари. Во Буџетот на Општината приходите се планирани во износ од 600.396.000 денари, додека пак  остварената реализација на приходите за третиот квартал изнесува 569.809.475 денари. По презентацијата, Советот на Општина Карпош го усвои предложениот Квартален извештај за извршување на Општинскиот Буџет за 2022 година за четвртиот квартал.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...