spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Куманово: Конференција за поголема вклученост на младите во општеството

Во организација на “Europe House”(канцеларија на ЕУ за североисточен плански регион) во Занаетчискиот дом – Куманово се одржа конференција за потребата од локални младински совети, односно за поактивно вклучување на младите во општеството под мотото “Европа е со тебе”.

На панел дискусијата учествуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска која се осврна на активностите кои ги презема Општината во врска со барањата и потребите на младата популација и нивно вклучување во различни проекти, како и за идните планови на Општина Куманово поврзани со оваа тема.
Претседателката потенцираше дека во координација со службеникот за млади при Општина Куманово, Мартин Крстиќ во наредните месеци се планира отворање на канцеларија која ќе биде во функција на потребите и активностите на младите, место од каде ќе потекнуваат креативни идеи, проекти во кои ќе бидат вклучени младите луѓе, односно ќе бидат застапувани нивните интереси во сите општествени сфери.
На конференцијата беа споделени искуства од работата на постоечките локални младински совети, кои успешно делуваат и ги мотивираат младите за активно вклучување во сите сфери на општественото живеење.
Панелистите кои учествуваа во дискусијата ја нагласија улогата на граѓанскиот сектор како поддршка и партнер во функционирањето на локалните младински совети.

 

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...