spot_img

Ѓорче Петров: Помош од 300.000 денари од општина Ѓорче Петров по земјотресите во Турција и Сирија

ОпштиниЃорче Петров: Помош од 300.000 денари од општина Ѓорче Петров по земјотресите...

Најчитано

Општина Ѓорче Петров ќе додели 300.000 денари солидарна помош за санирање на последиците од земјотресите што ги погодија Република Турција и Сирија.

Оваа одлука беше донесена на денешната вонредна седница на Советот на општина Ѓорче Петров на која единствена точка на дневен ред беше финансиската помош. Средствата ќе се спроведат преку Црвениот крст, односно преку посебен Фонд за солидарност.

Иницијативата на градоначалникот Александар Стојкоски веднаш беше прифатена од страна на претседателот на Советот, Ленче Нелоска и едногласно изгласана од советниците.

На седницата и претходеше едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите.

Градоначалникот Стојкоски, советниците и администрацијата уште еднаш изразуваат жалење за загубата на човечките животи во оваа природна непогода со големи размери.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе