spot_img

Град Скопје: Посета дневен центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари

ОпштиниГрад Скопје: Посета дневен центар за престој на деца во ризик во...

Најчитано

Градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, денес го посетија Дневниот центар за престој на деца во ризик „Патека на надежта“ каде се запознаа со стручниот тим на Здружението на граѓани за иницијатива за развој и инклузија на заедниците, како и со децата корисници на услугите на центарот.

Дневниот центар го користат дечиња на возраст од шест до 10 години, со цел да воспостават здрави хигиенско-диететски навики, да се стекнат со животни вештини преку посебни програми, како и да добијат поддршка за полесен пристап и редовно следење на образовниот процес.

Во дневниот центар стручниот тим кој секојдневно работи со децата е составен од социјален работник, педагог, психолог и помошен персонал.  Градот Скопје продолжува континуирано да поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на децата во ризик и социјално ранливите категории на граѓани.

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе