spot_img
spot_img

Карпош: Еден милион денари за Турција и Сирија

ОпштиниКарпош: Еден милион денари за Турција и Сирија

Најчитано

Денеска, во просториите на Универзитетот за  туризам и менаџмент – Скопје, се одржа дваесет и првата (вонредна) седница на Советот на Општина Карпош.

 

На барање на советник од советничката група од Левица, останатите советнички групи го прифатија барањето и едногласно ја изгласаа предлог одлуката за обезбедување средства од Буџетот на име солидарна помош во жирални давања за настраданите подрачја во катастрофалниот земјотрес.

Општина Карпош ќе додели финансиски средства во висина од по 500.000 денари за  двете настрадани држави. Советниците од Општина Карпош, за таа цел, ќе одвојат по 10% од својот паушал како и градоначалникот од својата плата. Голема солидарност ќе покажат и вработените од администрацијата, кои ќе одвојат по најмалку 1% од својата плата. Овие средства ќе бидат уплатени на посебна сметка за солидарен фонд.

Со одлука на Советот, беше поддржана предлог-програмата за изменување и дополнување  за активностите во областа на образованието, како и предлог-програмата за изменување и дополнување  за активностите од областа на детската ,социјалната и здравствената заштита. На  седницата едногласно беа изгласани и предлог решенијата за формирање комисија за реализирање на активностите во областа на образованието, верификација на членовите во комисиите за  Карпошово културно лето и конкурс за поддршка на проекти од областа на културата, како и верификација на членови за формирање комисија за стипендии за талентирани спортисти, од осмо и деветто одделение.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000