spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Одржан првиот настан„Учи паметно, работи стручно“

Град Скопје: Одржан првиот настан„Учи паметно, работи стручно“

Во организација на Град Скопје се одржа првиот настан за социјален дијалог „Учи паметно, работи стручно“, преку кој се унапредува заложбата на сите релевантни чинители во системот на средното образование активно да се посветат на предизвикот за унапредување на средното стручно образование, со единствена цел да се креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и ќе ја зголеми вработливоста на младите.

На настанот учествуваа претпријатија кои во изминатиот период беа вклучени во истражување организирано од Градот Скопје, насочено кон испитување на бараните образовни профили на пазарот на труд, на потребата од нови стручни профили и на можностите и интересот да се организира практична настава за учениците.

Следен чекор склучување Меморандум за соработка меѓу училиштата и претпријатијата, со кои ќе се овозможи зголемен број на часови по практично образование и стекнување на квалитетни практични вештини под надзор на обучени ментори. На овој начин се дава реална поддршка за воспоставување на дуален образовен систем кој всушност значи реална усогласеност на образовната понуда во градот Скопје со потребите на локалните работодавачи. Истовремено тоа значи и оспособување на учениците полесно да се вклучат на пазарот на трудот односно го олеснува патот кон брзо и достојно вработување.

Сите овие активности се комплементарни и со изготвување на квалитетен предлог-план за упис, со поддршка на дуалното образование во стручните училишта од страна на Градот Скопје, а со директна вклученост на работодавачите и училиштата.

На настанот присуствуваа претставници од Град Скопје, Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, директори на средните стручни училишта на Град Скопје, претставници од стопанската и занаетчкиската комора, како и локални претставници на приватниот сектор.

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...