spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Oдржана седница на Комисијата за унапредување на правата на пациенти

Град Скопје: Oдржана седница на Комисијата за унапредување на правата на пациенти

Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје одржа прес-конференција на која ја информираа јавноста дека своите проблеми во oстварувањето на здравствената заштита  може да ги пријавуваат во  Комисијата која е повторно формирана и  функционална за граѓаните.

По претставувањето пред медиумите, Комисијата одржа редовен состанок со кој раководеше претседателот д-р. Никола Пановски, а беа присутни и членовите Ромир Јашаревиќ, Катерина Јовановска, Весна Дамеска, Петар Атанасовски, Анета Георгиевска, Душко Ѓорѓиев, Весна Марковска и Бранкица Дуковски.

На состанокот се дискутираше за теми од надлежност на Комисијата, а беше заклучено дека секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата. Исто така, Комисијата ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки со цел решавање на нивните проблеми.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте