HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Компаративна перспектива на употребата на јазиците“ од авторите Села, Андева и...

АПЈ: Компаративна перспектива на употребата на јазиците“ од авторите Села, Андева и Матовски – нова научна публикација на 3 јазика

Во издание на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, од печат излезе научна публикација на три јазика Компаративна перспектива на употребата на јазиците, од авторите проф. д-р Илбер Села, проф. д-р Марина Андева и м-р Лазо Матовски.

Промоцијата на овие најнови публикации ( на албански, на македонски и на англиски јазик) доаѓа во пресрет на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што ќе се одбележи на 21 февруари, а во коишто главната тематика е фокусирана кон анализа на јазичните политики на 12 (дванаесет) селектирани држави со повеќејазична традиција и специфика.

Водени од размислувањето низ научен и методолошки пристап да се прикаже правната и институционалната рамка што ја регулира употребата на јазиците во различни општествени области во анализираните држави, авторите се надеваат дека тие ќе бидат од корист за читателската публика и се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ на албански, на македонски и на англиски јазик.

Авторите на публикацијата би сакале да упатат благодарност до соработниците, рецензентите, стручниот тим од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ вклучени во превод и лектура на публикацијата, како и на сите други чинители што помогнаа во нејзината изработка.

 

 

 

Извор: Агенција за  примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте