spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингНова Бреинстер Академија за лидерство и менаџмент - достапни се стипендии за...

Нова Бреинстер Академија за лидерство и менаџмент – достапни се стипендии за жени претприемачи и млади лица

Едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster) го збогати своето портфолио со уште една иновативна Академија, овојпат насочена кон лидерство и менаџмент – две клучни области важни за развојот на ИТ и бизнис секторите на локално, но и на глобално ниво, за која се достапни и стипендии.

Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците, преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите. Идејата е по комплетирање на академијата, учесниците да може да бидат способни во континуитет да ја прилагодат својата работа и работата на нивните организации со цел да постигнуваат резултати и раст без разлика на тековните пазарни услови.

„Веќе неколку години наназад, повеќе од очигледно е дека ИТ-индустријата прерасна во една од најбрзорастечките во земјава. Професионалците со соодветни лидерски вештини во ИТ-компаниите (како и во сите останати сектори) се од исклучителна важност за да се извлече вистинската вредност на дигитализацијата и да се надминат предизвиците. Од нашето искуство, организациите покрај привлекувањето и задржувањето на талентираните професионалци, треба да се фокусирани и на нивно подобро менаџирање, обучување и ангажирање. Сметаме дека програмата на оваа наша Академија може да даде придонес кон ова“, вели Стефан Смиљаноски, маркетинг директор во Бреинстер.

За упис на оваа нова Академија, достапни се стипендии за млади лица и жени претприемачи кои сакаат да се усовршуваат во оваа насока.
Оваа активност е кофинансирана од Владата на Швајцарија преку Програмата за поддршка на пазарната вработливост-ИМЕ и Бреинстер.

Целта на овие стипендии (како и на останатите финанскиски олеснувања што Бреинстер ги нуди) е да се даде придонес кон зголемување на разноликоста и еднаквите можности во корпоративниот свет.

„Тие се обезбедени за да му помогнат на бизнис-секторот да ги стимулира сопствените кадри во насока на развивање на лидерски и менаџерски вештини, без истовремено да биде соочен со позначајни финансиски потешкотии кои се сè поприсутни на локално и на глобално ниво во последниве неколку години“, вели Смиљаноски.

Преку овие стипендии, компаниите во блиска иднина може да имаат поразнолика менаџерска и лидерска структура која може да придонесе тие да бидат поиновативни и покреативни. На овој начин, тие ќе бидат поподготвени да навигираат низ динамичните пазарни промени бидејќи многу подобро ќе го знаат контекстот на движењата на различните сегменти на околината во која делуваат.

Програмата на Академијата, на стипендистите, но и на сите останати учесници им нуди релевантна наставна програма дизајнирана да им ги подобри знаењето, вештините, но и размислувањата кои се потребни за успех во денешниот брзо променлив бизнис-свет.

Повеќе информации за Академијата, програмата и можностите и условите за добивање на стипендиите може да најдете на линкот.

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...