HomeUncategorizedМНР: Политички консултации со Министерството за надворешни работи на Црна Гора

МНР: Политички консултации со Министерството за надворешни работи на Црна Гора

spot_img
spot_img

На 23 февруари 2023 година, во Скопје се одржаа билатерални консултации меѓу делегациите на Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Црна Гора, предводени од државните секретари, Филип Тосевски и Мирослав Шчепановиќ.         

 На средбата беше изразено заемно задоволството од традиционалните и пријателски односи меѓу двете земји, а досегашната комуникација и соработката меѓу двете Министерства за надворешни работи беше оценета како конструктивна.

Државните секретари Тосевски и Шчепановиќ разменија мислења во однос на конкретни проекти за збогатување на билатералната соработка, со посебен акцент врз неопходноста од јакнење на економската соработка, за збогатување на билатералната правна рамка, а ги потврдија и идентичните ставови во однос на регионалната соработка и заедничка стратешка определба за европска интеграција и меѓусебната поддршка на тој пат.

Во разговорите акцент беше ставен и на безбедносно – политичката соработка, особено во рамките на Алијансата каде што сме сојузници и партнери,  со посебен фокус на приоритетите на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба А5.

Исто така, во рамки на консултациите беа разменети и мислења за  соработката  на двете земји во евроинтегративниот процес, со генерален осврт на регионалната соработка, а во пресрет на претседавањето на Република Северна Македонија со ПСЈИЕ кое го презема од Црна Гора, од втората половина на 2023 година.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија