spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Финансиска помош за Турција и Сирија

Демир Хисар: Финансиска помош за Турција и Сирија

На вонредната седница на Совет на Општина Демир Хисар, која се одржа во работниот кабинет на градоначалникот, се донесе одлука, со којашто се обезбеди финансиска поддршка во износ од 100.000 ден. за настраданите во разорниот земјотрес што ги погоди подрачјата на Република Турција и Република Сирија.

Градоначалникот Никола Најдовски, од името на граѓаните на Општина Демир Хисар и од негово лично име, изрази длабоко сочувство до фамилиите на жртвите, до турскиот и сирискиот народ за страшната трагедија која ја предизвика земјотресот и посака брзо закрепнување од последиците.

Во овие тешки моменти, Општина Демир Хисар и демирхисарци се сочувствуваат со граѓаните на Р. Турција и Р. Сирија, солидаризира, тагува и дава почит за големиот број загубени човечки животи.
Никогаш и никаде да не се повтори ваков страотен земјотрес!

 

 

Извор: Општина Демир Хисар 

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...