Во завршна фаза се градежните работи за изградба на пешачката патека на регионалниот пат Р-1103 која ја градиме по барање на жителите од Јурумлери и Колонија.
На една од средбите со граѓани беше истакнат проблемот со безбедноста на граѓаните поради недостаток на пешачка патека.

По налог на градоначалникот Бобан Стефковски се изработи проект и започна изведба на градежните работи на терен. Во оваа фаза градиме пешачка патека во должина од 500 метри.

Барањата на граѓаните се решаваат, општината се менува.

Извор: Општина Гази Баба























