spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Исчистена мини депонија во населбата Козле

Карпош: Исчистена мини депонија во населбата Козле

Во координација со Секторот Инспекторат од Општина Карпош лицата задолжени за одржување на јавната хигиена во локалната самоуправа спроведоа акција за расчистување на теренот во населбата Козле.

Притоа, хигиеничарите од Карпош со помош на соодветна механизација ја исчистија помалата депонија која ја затекнаа на улица „Ловќенска“.

Службите од Карпош и понатаму ќе работат со зголемен интензитет на одржување на чистотата на своја територија, а денешната акција е всушност продолжение на комуналните активности кои хигиеничарите од Карпош деновиве ги реализираа низ населбата Злокуќани.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...