spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Продолжува втората фаза од консултациите на локално ниво за креирање на...

АМС: Продолжува втората фаза од консултациите на локално ниво за креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ во
Скопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на
Обединети Нации (УНДП) продолжува со консултации и јавни дискусии за Националната
стратегија за млади 2023-2027 кои ќе се спроведуваат на локално ниво во следните
општини:
● Штип – 03.03.2023 (петок), со почеток во 9: 30 часот во Млади хаб, Дом на Култура
„Ацо Шопов“
● Битола – 03.03.2023 (петок), со почеток во 9: 30 во Офицерски дом
● Велес – 07.03.2023 (вторник), со почеток во 9: 30 во Младински центар „Библиотека“
● Куманово – 09.03.2023 (четврток), со почеток во 9: 30 во Занаетчиски дом
● Струга – 09.03.2023 (четврток), со почеток во 9: 30 во Совет на општината
● Гостивар – 10.03.2023 (петок), со почеток 9: 30 во младински центар на заедницата
YCC
● Струмица – 10.03.2023 (петок), , со почеток во 9: 30 во Дом на АРМ
● Делчево – 13.03.2023 (понеделник) , со почеток во 9: 30 во Мултифунционален
центар во Спомен-дом АСНОМ
На овие консултативни настани поканети се сите заинтересирани млади, претставници на
формите на младинско организирање, средношколци, студенти и други групи на млади кои сакаат да дадат придонес и да учествуваат во креирањето на новата Национална стратегија за млади, која има за цел подобрување на социо-економската положба на младите и кон создавање на средина
која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси.

Првата драфт верзија на текстот на стратегијата веќе е објавен на ЕНЕР (електронски
национален регистар на прописи на Република Северна Македонија) и може да се пристапи преку
следниот линк: shorturl.at/eMRSV или преку Агенција за млади и спорт: shorturl.at/ehBNR, со што
се отворени и дополнителни можности за ваши коментари, прашања и сугестии во насока на
креирање на стратешки документ по мерка на младите.

На консултациите присутни ќе бидат експертите кои работат на подготовка на стратегијата, претставници на институции и меѓународни организации, како и претставници од формите на младинско организирање.

За дополнителни информации околу консултациите, може да се обратите на Гордана
Цекова – Помошник раководител на сектор млади, на следниот меил: gordana@ams.gov.mk.

Процесот на креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 е поддржан од
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во рамките на регионалниот проект „Млади за инклузија,
еднаквост и доверба“, финансиран од United Nations Peacebuilding имплементиран од страна на УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...