spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Нашите срца ја прифаќаат реткоста

Валандово: Нашите срца ја прифаќаат реткоста

Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со децата од дневниот центар за деца со попреченост и децата од детската градинка „Калинка“ од Валандово го одбележаа 28 февруари – Меѓународниот ден на ретките болести.

Тие заедно другаруваа, се забавуваа и испратија пораки за љубов, разбирање и инклузија на секоја индивидуа во заедницата.

„Ретките се многу, ретките се силни, ретките се горди. шарен свет без предрасуди, ја негуваме емпатијата и ја поттикнуваме човечноста во заедницата.“ – напиша градоначалникот на социјалните мрежи.

Тој исто така им се зблагодари на вработените од дневниот центар, детските градинки, како и на невладините организации и активисти од општина Валандово, кои се посветени на унапредувањето на правата и можностите на оваа група граѓани, бидејќи подаваат рака каде е најпотребно и ја потврдуваат сопствената големина како луѓе.

„Под нашето сонце, има место за сечија среќа.“

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...