HomeОпштиниКисела Вода: Започната санација на ул. “Вера Јоциќ”

Кисела Вода: Започната санација на ул. “Вера Јоциќ”

spot_img
spot_img

Од завчера се одвиваат градежни активности на кракот на улица “Вера Јоциќ”. Санацијата опфаќа 5300 квадратни метри и по нејзиното завршување ќе обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучително со двата нејзини краци.

 

Дополнително, овој градежен зафат го подобрува паркирањето во овој дел од населбата Цветан Димов, бидејќи покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат отворени џебови за паркирање, додека левата страна ќе биде пешачка зона одделена со столпчиња.

Се работи за надминување на проблем на кој жителите долго време се жалеа, бидејќи коловозот беше многу оштетен, а тротоарите беа целосно окупирани со паркирани возила.

Во наредниот период Општина Кисела Вода ќе продолжи со санација на најфреквентните улици во  населбата Цветан Димов, додека паралелно се прави подобрување на патната инфраструктура во населбата Припор. Целта е да се интервенира на сите оштетени улици во општината, во сите месни и урбани заедници, кои децении наназад и порај видните оштетувања, биле оставени без реконструктивни зафати.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија