spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингНова Бреинстер Академија за лидерство и менаџмент - Применливи знаења кои носат...

Нова Бреинстер Академија за лидерство и менаџмент – Применливи знаења кои носат резултати за компаниите

Во денешниот брзоменувачки бизнис-свет, потребата за вешто лидерство и ефективно управување никогаш не била поголема. Со оглед на тоа што компаниите секојдневно се соочуваат со нови предизвици и можности, поседувањето на квалификуван и визионерски лидерски тим може да ја направи сета разлика во постигнувањето конкретни резултати.

Што точно ги прави лидерските и менаџмент вештините толку важни за компаниите? Како организациите можат да ги негуваат овие витални вештини во своите редови? Колку е важна стимулацијата на сопствените кадри во насока на развивање на нивните лидерски и менаџерски способности?

Ова се прашањата за кои во денешно време отворено се дискутира во бизнис-светот, а секоја компанија што цели кон успешен и здрав развој ги зема предвид. Токму ова е поттикот на едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster) да го збогати своето порфолио со уште една иновативна Академија, овојпат насочена кон лидерство и менаџмент – две клучни области важни за развојот на ИТ и бизнис секторите на локално, но и на глобално ниво.

Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците, преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите. Идејата е по комплетирање на академијата, учесниците да може да бидат способни во континуитет да ја прилагодат својата работа и работата на нивните организации со цел да постигнуваат резултати и раст без разлика на тековните пазарни услови.

„По 7 години постоење и нудење на образовни програми фокусирани на преквалификација во најатрактивните професии во ИТ-индустријата, увидовме можност за програма која ќе им носи вредност на професионалците кои имаат потенцијал да одат на следното ниво, односно од добри оперативци преку соодветна доквалификација да станат лидери и менаџери на тимови, сектори и организации“, вели Стефан Смиљаноски, маркетинг директор во Бреинстер.

Тој објаснува дека целта на оваа програма е на докажаните професионалци, но и на сите оние што тековно работат или имаат амбиција да работат во областа на лидерството и менаџментот да им пренесе применливи знаења и вештини кои носат резултати преку нивно разбирање на највисоко концептуално и стратешко ниво. Оваа Академија е единствена од ваков тип на нашиот пазар.

Нов сет на вештини за поуспешна транзиција во лидерските и менаџмент позиции

Лидерството и менаџментот се секако од клучна важност за развојот на бизнисите и компаниите. Колку денеска во компаниите се обрнува внимание и се тежнее кон поддршка и развој на вакви вештини кај вработените и дали можеби од Бреинстер увиделе некои слабости во системот? Смиљаноски одговара дека слабоста во системот е пред сè во ограниченоста на најважниот ресурс кај компаниите кога станува збор за соодветно развивање на овие вештини – времето.

„Ретко среќаваме докажани менаџери кои имаат доволно време да се посветат на развивање на следната генерација на лидери што треба ги водат нивните компании и организации низ предизвиците што ги носи иднината. Сметаме дека програмата на нашата нова академија дава соодветно решение за овој проблем“, вели тој.

Oваа академија е наменета за професионалците кои веќе оперативно се докажани во својата област, но треба да треба да се здобијат со еден комплетно нов сет на вештини за да направат што поуспешна транзиција во лидерските и менаџмент позиции. Програмата има што да им понуди и на сите оние кои веќе работат на ваквите позиции, како и на младите амбициозни претприемачи кои своите бизнис идеи сакаат да ги претворат во реалност.

Од Бреинстер објаснуваат дека Академијата е составена од 8 модули, од кои што 4 се од техничка природа, а 4 кои се фокусирани кон меките вештини. Овој избалансиран спој е резултат на темелно истражување на тема слични вакви програми кои се нудат низ светот.

Стипендии за жени претприемачи и за млади лица

По завршувањето на академијата, учесниците ќе бидат способни успешно да водат и менаџираат тимови, сектори и организации преку агилно адаптирање на промените, долгорочен фокус и континуирано иновирање.

Она што е особено за поздрав е дека во соработка со Програмата за поддршка на пазарната вработливост-ИМЕ и Швајцарската амбасада достапни се 7 целосни стипендии за жени претприемачи и за млади лица.

„Стипендиите се резултат на соработката со ИМЕ и Швајцарската амбасада.
Целта на истите (како и на останатите финанскиски олеснувања што ги нудиме) е да се даде придонес кон зголемување на разноликоста и еднаквите можности во ИТ-индустријата и воопшто корпоративниот сектор.
Тие се обезбедени за да им помогнат на организациите да ги стимулираат сопствените кадри во насока на развивање на лидерски и менаџерски вештини, без истовремено да бидат соочени со позначајни финансиски потешкотии кои се сè поприсутни и на локално и на глобално ниво во последниве неколку години“, велат од Бреинстер.

Програмата на Академијата, на стипендистите, но и на сите останати учесници им нуди релевантна наставна програма дизајнирана да им ги подобри знаењето, вештините, но и размислувањата кои се потребни за успех во денешниот брзо променлив бизнис-свет.

Повеќе информации за Академијата, програмата и можностите за стипендирање може да најдете овде.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...