spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони

Град Скопје: Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони

Завчера градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, учествуваше на состаноци на неколку институции на ЕУ, меѓу кои и на Европскиот комитет на региони во Брисел, каде на панел дискусија со Евелин Регнер, потпретседателката на Европскиот парламент, Јута Урпилаинен, комесар на ЕУ за меѓународни партнерства и Васко Алвес Кордеиро, претседател на Европскиот комитет на регионите, се разговараше за глобалното женско лидерство, се разменија искуства и практики со цел надминување на предизвиците и поттикнувањето родова еднаквост во одлучувањето.

Европскиот комитет на регионите е гласот на градовите во Европската унија, кој ги претставува локалните власти низ ЕУ и гради нови политики и закони кои имаат влијание врз градовите и локалните власти низ Европа.

Советот за женско претприемништво на Град Скопје како прва платформа од овој вид во Македонија, е препознаена како добра пракса и имплементирана во повеќе градови, при што годинава покрај учеството во градењето на политиките на локално ниво, како дел од предлозите на советот, за прв пат се одвојува буџет за финансиска поддршка на жените претприемачи со цел придонес за нивно економско зајакнување и финансиска независност.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...