spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Подобрување на условите во ООУ Ристо Крле во Кадино и Бунарџик

Илинден: Подобрување на условите во ООУ Ристо Крле во Кадино и Бунарџик

Подрачното училиште во Бунарџик кое е во рамки на ООУ ,,Ристо Крле” – Кадино,  доби нов лик.

Деновиве заврши партерното и хортикултурно уредување на училишниот двор кој подолго време беше запоставен, а за подобар престој и рекреација на учениците  се поставени и детски реквизити, лулашки. Исто така поставен е нов довод  за вода кој во мнатото  бил со дефекти и непотребно излевање на водата за пиење.

Во делот на условите за квалитетен образовен процес континуирано се вложува  во  поквалитетна и современа настава, за таа цел се обезбедени пет паметни смарт табли, три во централното училиште во Кадино и по една во подрачните училишта Мралино и Бунарџик. Информатичката технологија е значаен сегмент во наставните програми, во Централното училиште во Кадино опремен е  кабинетот по информатика со нови лаптоп компјутери, монитори, слушалки, на старите и дотраени училишни клупи заменети се со нови.

Подрачното училиште во Бунарџик го посети градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден континуирано работи на  изградба и создавање на модерни услови во образованието.

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...