spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Реновиран првиот кат за интензивна и постинтензивна нега на Клиника за...

МЗ: Реновиран првиот кат за интензивна и постинтензивна нега на Клиника за гастроентерохепатологија

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, со амбасадорката на САД, Ангела Агелер ја посетија Универзитетката клиника за гастроентерохепатологија по повод комплетно реновирање на првиот кат за интензивна и постинтензивна нега на Клиниката, вклучувајќи ги кабинетите за дијагностика и интервенции. Министерот Меџити ја поздрави поддршката од Амбасадата на САД, посебна благодарност упати до Владата и премиерот Ковачевски за поддршка на проектите за унапредување на здравствениот систем.

Нема достапен опис

-Нашата визија е инвестирање во здравствениот систем – со посебен фокус на инвестирање во сите региони поддеднакво и развивање регионални центри низ државата, за што имаме изготвено детален план за реорганизација на здравствениот систем. Работиме истовремено за унапредување на сите аспекти – подобрување на условите за лекување на пациентите, осовременување на инфраструктурата, реорганизација и подобрување на условите за вработените, истакна министерот Меџити.   Премиерот Ковачевски нагласи дека најтешко болните пациенти од цела држава кои имаат потреба за болнички третман на Клиниката за гастроентерохепатологија отсега ќе престојуваат во достоинствени услови и ќе добиваат современи медицински услуги. Ова е прво вакво реновирање, откако е формирана Клиниката за гастроентерохепатологија Реновирањето е во најголем дел финансирано од Владата на САД, во вредност од над 400 илјади американски долари.

Нема достапен опис

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗ: Министерот Таравари во посета на хируршките клиники – До петок...

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска по извршеното примопредавање на функцијата веднаш излезе на терен и ги посети хируршките клиники во клиничкиот комплекс,...