spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeНовостиУСРСМ: Укинати две одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот...

УСРСМ: Укинати две одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија

Уставниот суд на седница одлучи да ги укине член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.139/2014).

Имено, со првата укината одредба е утврдено  дека основицата за пресметување на плата на избраните и именуваните лица се применува од јануари 2012 година и е во износ од 25.726 денари,  додека со втората укината одредба е предвидено дека платите на избраните лица во 2014 година може да се зголемат за 4% започнувајќи со исплатата на платите во 2014 година.

Уставниот суд смета дека во случајот, постои двојство во уредувањето на прашањето за основицата на платата на избраните и именуваните лица, што претставува неконзистентност во законското уредување на оваа материја. Судот утврди дека истовремено постојат две норми, односно две правни правила за утврдување на основицата на платата oпфатени во еден ист закон, односно едното е  член 11 од Законот, според кое основицата се определува според просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика, а второто правило е оспорената одредба од член 4 во кој основицата е утврдена во фиксен износ од 25.726 и која со усогласувањето од 4% (предвидено со второспорената одредба) изнесува 26.755,оо денари што е всушност основица која е моментално во сила односно примена.

Поради наведеното, Судот оцени дека укинатите одредби не се во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот согласно кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок.

Уставниот суд поведе постапка за овој предмет У.бр.113/2022 на 25 јануари, кога се одржа 3. седница од 2023 година кога беше исцрпена дискусијата.

Подносител на иницијативата е адвокат Бојан Стојевски

Покрај предметот У.бр.113/2022 од дополнетиот дневен ред за оваа седница, на седницата беа утврдени нацрт-текстови на три претходно донесени решенија.

Извор: Уставен суд на Република Северна Македонија

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...