spot_img
spot_img

Центар: Герасимовски – Подготвена е иницијативата за конфискација на дивоградбите

ИнтервјуаЦентар: Герасимовски - Подготвена е иницијативата за конфискација на дивоградбите

Најчитано

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24 рече дека на негово барање, општината подготвила иницијатива за конфискација на дивоградбите затоа што во моментов нема законска можност тоа да се направи. Герасимовски напомена дека во општината има неколку бесправни објекти чие уривање бара преголеми средства кои општината ги нема.

„Со динамит ќе се срушат потпорните ѕидови на бесправните објекти но ќе остане грда слика, за да се отстрани само една градба чини многу. Затоа подготвивме иницијатива до ЗЕЛС за да бараме начин и измена на законите бидејќи сега немаме законска можност за конфискација. Верувам дека иницијативата едногласно ќе биде усвоена за да бараме законски регулативи и измени за да таквите објекти бидат конфискувани од дражавата и се искористат за друга намена од која полза ќе имаат граѓаните“, изјави Герасимовски во телевизија 24.

Герасимовски во разговорот напомена дека само за една градба на Водно потребни се 5 милиони денари за уривање, но само онеспосубување, а не целосно отстранување на нелегалниот објект. Затоа со оваа иницијатива ќе се штеди буџетот на општината но и ќе се добијат нови објекти кои може понатаму да бидат пренаменети за различни цели.

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000