Бројот 141-700 е број за бесплатно советувалиште за жртвите од семејно насилство.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Националниот совет за родова рамноправност, услугите на советувалиштето се достапни и бесплатни за жителите.
Во иднина во план е општина Ѓорче Петров да работи и на создавање услови за локално советувалиште.
Ова е наш придонес во борбата против оваа зачестена појава која, за жал, според полициските статистики е во пораст.
Извор: Општина Ѓорче Петров