HomeОпштиниКисела Вода: 2000 квадратни метри асфалт за улиците “Бранко Заревски” и “Ниџе...

Кисела Вода: 2000 квадратни метри асфалт за улиците “Бранко Заревски” и “Ниџе Планина”

Продолжува градежната офанзива низ улиците во општина Кисела Вода. Денес градоначалникот Ѓорѓиевски беше во населбата Драчево, каде, со отпочнатите активности, нов асфалт ќе добие улицата “Бранко Заревски” на потегот од крстосницата помеѓу “Славка Динкова” до “Малешевска”.

 

Нејзината близина до ООУ “Рајко Жинзифов”, до пазарот и поврзаноста со главната улица, “Славка Динкова”, говори за каква важна сообраќајна артерија се работи, но говори и за негрижата во минатото, бидејќи истата не е реновирана од изградбата во минатиот век.

 

Со санација ќе биде опфатена и улицата “Ниџе Планина”, на делот помеѓу улиците “Славка Динова” и “Гандиева”. Се работи за градежна интервенција со вкупна површина од околу 2000 м2 кои ќе бидат завршени за 10-тина дена.

Паралелно, во тек е целосната реконструкција на улицата “Малешевска” и нејзините краци, која Општина Кисела Вода ја започна минатата седмица. На оваа локација се работи на поставување на нов асфалт и тротоари. Се поставува и ново модерно штедливо осветлување.  Досегашните живини, се заменуваат со лед светилки. Ќе се реши проблемот и со атмосферските отпадни води, кои ќе се одведуваат во попивателни бунари.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...