spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Училишен спорт-финале: "Кирил - Круме"

Кисела Вода: Училишен спорт-финале: “Кирил – Круме”

Општината Кисела Вода успеа во намерата да го возобнови училишниот спорт. Во утрешното финале на одбојкарскиот турнир (девојчиња) ќе играат ООУ “Кирил Пејчиновиќ” – ООУ “Круме Кепески”.

 

Со одигрување на квалификационите натпревари во одбојка, повторно спортската сала ,,Независна Македонија“ беше преполна со ученици, наставници по физичка култура, родители и публика која секако уживаше со секој потег на талентираните ученици.

Оваа натпреварувачка сезона, осумте основни училишта кои гравитираат кон општина Кисела Вода, ќе се натпреваруваат во четири спорта, одбојка (девојчиња), кошарка(машки), футсал (машки) и ракомет ( во конкуренција на машки и девојчиња).

– Глетката навистина импресионира. Училишниот спорт е важен сегмент за развојот на секое дете, па оттука сакам да се заблагодарам на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој не само што ни помогна, туку и ни даде дополнителни идеи како постојано да го развиваме спортот во училиштата, – истакна, Дејан Стоимановски претседателот на Здружението на општинскиот сојуз на училишен спорт во Кисела Вода.

Инаку, финалната средба е закажана за четврток во 13:15 часот во спортската сала ,,Независна Македонија“. Во полуфиналните средби ООУ “Кирил Пејчиновиќ” славеше над ООУ “П.Зографски” со 2:1, додека ученичките на ООУ “Круме Кепески”, со идентични 2:1 во сетови, беа подобри од ООУ “Рајко Жинзифов”. Во борбата за третото место, истиот ден,во 12.30 минути, ќе се сретнат екипите на ООУ “Партенија Зографски” и ООУ “Рајко Жинзифов”.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...