Ракомет за секое дете – најголемата и најдобро организираната школа за ракомет во Македонија секојдневно се развива со основна цел да овозможи што повеќе деца да го развиваат својот афинитет кон ракометот.
Во неделата на 12-ти во С.Ц. “Јане Сандански” се одржа третиот jуниорски куп, турнирски систем на натпревари за децата од школата за ракомет #ТОПКА, како дел од проектот #РакометЗаСекоеДете.
Повеќе од 250 момчиња и девојчиња од скопските општини Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Населба Лисиче и Општина Велес, на возраст од 6-14 години поделени во четири возрасни категории одиграа 32 натпревари, во мини и голем ракомет и покажаа одлични спортски перформанси.
Извор: ИутеКредит Македонија