Град Скопје: Увид во работа на клучката бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“

ОпштиниГрад Скопје: Увид во работа на клучката бул. „Никола Карев“ со бул....

Најчитано

Денес извршивме увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на раскрсницата на бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во градот Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика.

Со реализацијата на овој проект главниот град добива целосно ново сообраќајно решение кое значително ќе го сообраќајот и ќе придонесе кон олеснето и безбедно движење на овој дел на градот.

Со овој проект покрај изградба на клучката се предвидува и

– Изградба на нов кружен тек на раскрсницата на бул. „8-ми Септември“ со ул. „Скупи“, со што се елиминираат проблемите кои во сообраќајот ги правеше дотраеното сообраќајно решение со семафор, а значително се подобрува и безбедноста.

-Изградба на два нови моста на река Серава, едниот на бул. „8-ми Септември“ и вториот на бул. „Никола Карев“

-Реконструкција и проширување на дел од ул. „Скупи“, бул. „8-ми Септември“, бул. „Никола Карев“

-Изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, со соодветно хортикултурно уредување и ново улично осветлување

-Изградба на целосно нова атмосферска канализација

 

Ги замолуваме граѓаните за внимателно движење по трасата и за трпение со оглед на моменталниот времен сообраќаен режим на движење на возила. Реализацијата на овој проект е исполнување на уште едно ветување од програмата „За Модерно Скопје“.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе