spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаЦентар: Герасимовски - Граѓаните да не вложуваат во објекти без дозвола кои...

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не вложуваат во објекти без дозвола кои утре може да им бидат отстранети

Покрај решавање на проблемот со дивоградбите Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти има за цел да ја подигне јавната свест кај граѓаните да не инвестираат во објекти без правосилни одобренија за градба кои утре може да им бидат отстранети, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Тој во вчерашното гостување во ТВ 21 рече дека доколку Иницијативата се преточи во законско решение во иднина општините нема да се соочуваат со сегашниот проблем и огромниот број на дивоградби.

„За жал се случува и тоа да буквално на државно земјиште некој смогне сили и ризикува финансиски средства за да направи див објект. Инспекциските служби од страна на општината се постојано на терен, ги евидентираме тие објекти и почнуваме со постапување. Замислете се соочуваме со проблем на дивоградби коишто се изградени на државно земјиште од непознати сторители, и тоа не се случува само во Центар. Во овие случаи ние сме принудени да одвојуваме средства за рушење кои никогаш не можеме да ги наплатиме поради тоа што станува збор за непознати сторители. Затоа нашата цел преку Иницијативата е за таквите градби државата односно општините да не прават дополнителни трошоци туку тие да се одземат и пренаменат за друга намена“, рече Герасимовски.

Тој напомена дека иако Иницијативата првенствено ги таргетира дивите градби на непознати сторители, нималку не е лесен проблемот со отстранување на нелегалните објекти од познати инвеститори.

„И кај нелегалните објекти од познати сторители постапката за отстранување не е лесна. Многу често општината ги отстранува сама затоа што сопствениците ретко постапуваат и покрај доставените решенија за отстранување. Позитивен пример имавме со бутикот на улица „Македонија“ чиј сопственик на објектот сам си го отстрани но најчесто постапуваме ние па потоа преку судски процедури бараме начин да си ги исплатиме средствата назад. Тоа не е решение затоа што средствата вложени за уривање на овие нелегални градби всушност се „нерализирани“ проекти за граѓаните“, рече Герасимовски.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...