На Велигден се радуваат сите, но најмногу децата и затоа градоначалникот Бобан Стефковски со задоволство беше денес со дечињата од СОС Детското село, заедно со нив, согласно традиција на Велики четврток да ги украсат велигденските јајца.
Среќата и радоста им е потребна на сите, на возрасните и најмладите, на децата, а особено на овие деца кои се останати без родителска грижа.
Стефковски им подари велигденски подароци на децата и им посака здравје и среќа.
Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и ќе продолжи така и во иднина.
Извор: Општина Гази Баба