spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посети повеќе социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода на кои им донираше пакети со прехранбени производи.

 

Истакна дека токму во овие денови кога се празнува христијанството чија суштина е добрината и љубовта, сите луѓе треба да почувствуваат радост и сплотеност.

Честитајќи го Велигден, тој им се заблагодари и на сите кои преку дело ја покажаа својата поддршка, на тој начин овозможувајќи помошта да стигне онаму каде што е најмногу потребна.

-Да се стремиме да бидеме подобри луѓе, да си помагаме и подаваме рака, да пристапиме со добрина и љубов – тоа е највозвишената човечка особина! Големи денови се пред нас, го чекаме Воскресението Христово. Ова се денови на радост и сплотеност, денови кога треба да покажеме дека сме луѓе помеѓу луѓето.И токму затоа – секој заслужува да ги помине како што доликува! Денес поделивме прехранбени пакети на семејствата од социјален ризик во Кисела Вода. Се потрудивме со мало внимание да им ги разубавиме празниците, да знаат дека не се сами и дека секогаш има некој кој ќе стои како столб во поддршка дури и во најтешките времиња.

Јас можам само да се заблагодарам за силно стиснатата рака, да се заблагодарам и на оние кои помогнаа да изнудиме некоја искрена насмевка денес.

Тоа за мене е најголема награда!

Нека се среќни Велигденските празници, здравје, љубов и слога кај сите-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...