HomeUncategorizedИлинден: Проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од н.Илинден

Илинден: Проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од н.Илинден

spot_img
spot_img

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација.

За таа цел денес се изврши презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за дел од н. Илинден, поточно месноста викана Плац на влезот во општина Илинден.

Презентацијата беше извршена од страна на овластени проектанти кои пред градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од општинската администрација и ЈКП ,,Водовод”- Илинден.

Градоначалникот Георгиевски детално се запозна со должината на колекторскиот систем кој изнесува 4200 метри со кои ќе бидат опфатени повеќе од 400 домаќинства кои ќе бидат поврзани во колекторскиот систем за одведување на отпадни фекални води за населените места Илинден и Марино.

Со изготвувањето на документацијата се создадени услови за распишување на набавка за избор на изведувач и надзорен орган на градежните работи на терен.

Со овој проект целосно ќе бидат зафатени отпадните води кои се вливаат во главниот одводен канал кој минува центарлно низ населените места Илинден и Марино.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија