spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Преку јазикот на уметноста, основците во ООУ Владо Тасевски укажуваат за...

Карпош: Преку јазикот на уметноста, основците во ООУ Владо Тасевски укажуваат за правдата во општеството

Според победничкиот цртеж на деветоодделенката Андреа Јакимовска од ООУ „Владо Тасевски“ која го освои првото место на ликовниот конкурс на тема „Демократијата е во криза“, беше изработен муралот под наслов „Правдата ќе победи“, кој деновиве во рамки на ова училиште беше претставен пред очите на јавноста. Урбаниот графит кој ќе го краси големиот училишен ѕид е изработен во рамки на програмата за младински активизам, која веќе четири години се одвива во ова училиште  под менторство на професорката за граѓанско општество и етика, Симона Петковска Илиеска.

Притоа, академскиот сликар Дејвид Стоилковски соодветно го адаптираше победничкиот цртеж, според кој беше изработен тематскиот мурал. Покрај младата Андреа Јакимовска чие дело практично ги исцрта контурите на уметничкиот мурал, се истакнаа и седмоодделенците Димитар Писевски кој го освои второто место и Ана Марија Томов, која го освои третото место на ликовниот конкурс.

Инаку, победничкиот цртеж на карпошанката Јакимовска е дел од ликовните натпревари во две основни училишта – „Владо Тасевски“ од Скопје и „Климент Охридски“ од Облешево, во кои околу стотина ученици имаа можност да го претстават доброто владеење преку своите уметнички творби. Пред распишување на ликовниот конкурс,  Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) одржа низа предавања за корупцијата, по што следуваше и едукација на основците за уметничко изразување на оваа тема.

Најдобриот цртеж го избра двочлената жири-комисија во состав од Саша Џејсон, кој е програмски менаџер на американскиот колеџ „Стендфорд“ и од новинарка од ИРЛ, Деница Чадиковска.  Проектот беше реализиран со поддршка од Standford CDDRL, Лидерската мрежа за промени и глобалната организација Center for international private enterprize (CIPE). Според организаторите, целта на оваа иницијатива е да ја поттикне младата популација на критичко размислување, активизам и нивно директно влијание во локалната средина на темите поврзани со добро владеење, корупција и клиентелизам.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...