spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: 10 години членство во Климатската алијанса

Карпош: 10 години членство во Климатската алијанса

Согласно оваа календарска година, Општина Карпош го слави 10 годишниот јубилеј  од зачленувањето  во меѓународната Климатска алијанса, која воедно е и најголемата европска градска мрежа за сеопфатна и правична климатска акција. Во таа насока, локалната самоуправа од Карпош се стекна и со посебен сертификат како признание за нејзината долгогодишна посветеност во полето на екологијата и енергетската ефикасност, како што впрочем и гласи мотото на Климатската алијанса „преземање на локална акција за глобална климатска криза“.

 

Инаку, Климатската алијанса ја сочинуваат речиси 2.000 општини – членки од над 25 европски земји, чија мрежа комбинира локален пристап со глобална одговорност. Алијансата им нуди на членовите конкретна поддршка за прашањата поврзани со општинските климатски активности, вклучувајќи различни алатки за регулирање на CO2 и планирање на климата, како и кампањи за мобилност, енергетска ефикасност и користење на ресурсите. Оттука, Алијансата се залага во име на своите членки за континуирано засилување на општинските климатски напори, во однос на националните и европските политички рамки.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...