spot_img
spot_img

Карпош: Еко акција на Скопски Квир Центар и општината

ОпштиниКарпош: Еко акција на Скопски Квир Центар и општината

Најчитано

Со поддршка на Општина Карпош, здружението за сексуални и родови малцинства во РСМ, Скопски Квир Центар и во соработка со шелтер центарот Сигурна куќа  денеска се одржа пролетно чистење на кејот на реката Вардар. Освен иницијаторите, дел од оваа еко акција беа и вработените од општинската администрација како и градоначалникот Стевчо Јакимовски.

 

-Како градоначалник, но и како жител на Општина Карпош, ги поддржувам ваквите иницијативи за подобрување на хигиената на територија на Општина Карпош. Чистата околина значи добро здравје за секој од нас, и затоа јас и дел од моите колеги денеска се вклучивме во оваа пролетно чистење на кејот на реката Вардар. Морам да констатирам дека хигиената во Карпош е драстично подобрена. Оттука, би сакал да истакнам дека сум навистина задоволен од она што го работат нашите 90-тина луѓе ангажирани за одржување на хигиената, но во исто време ги повикувам и граѓаните да дадат уште поголем придонес за доброто на нашата и вашата Општина – истакна Јакимовски.

 

 

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000