spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниТетово: Реакција

Тетово: Реакција

Општина Тетово ги демантира информациите објавени во дел од медиумите во врска со вработениот Валмир Адеми, дека тој не оди на работа, а зема плата. За да етикетира институција, новинарот прво мора да добие изјава од надлежните служби, па потоа да ја информира јавноста, а во конкретниот случај се забележува дека има и други тенденции за оцрнување на работата на општина Тетово.

Валмир Адеми е административен службеник од 2012 година и моментално е на боледување, што е законско право потврдено од државните институции, а нема никаква врска со обвинувањата изнесени во медиумите.

Сепак, ние како инситуција нема да толерираме такво неетичко однесување од страна на нашите вработени. Јавните навреди од страна на административниот службеник се флагрантно кршење на етичкиот кодекс на однесување и законските одредби, а Општина Тетово ќе ги презеде сите постапки за констатирање на дисциплинските повреди.

Им ветивме на граѓаните дека ќе бидеме на нивна услуга и нема да дозволиме злоупотреба на позициите од страна на нашите вработени. Општина Тетово е решена да гарантира дека секој административен службеник ќе постапува согласно законот и ќе биде во служба на граѓанинот. Доколку овие должности не се исполнат, ќе бидат преземени дисциплински мерки во согласност со Законот за работни односи и нема да се двоумиме да ги казниме оние што го прекршуваат законот.

 

 

 

 

Извор: Општина Тетово 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...