ДЗС: Установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/ центри за ран детски развој во 2022 година

UncategorizedДЗС: Установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/ центри...

Најчитано

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година (состојба на 30 септември), во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој се регистрирани 35 932 деца, што претставува зголемување од 14.8 % во однос на 2021 година.

Со годишните извештаи во 2022 година се опфатени 113 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 8.7 % повеќе во однос на 2021 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до 6 години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана).

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk.

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе