spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Дечињата од градинката Орце Николов учат за професии

Карпош: Дечињата од градинката Орце Николов учат за професии

Како дел од воспитниот процес во градинките преку кој младите карпошани уште од на мала возраст учат за општествените улоги и професии, дечињата од претшколската установа ЈУОДГ „Орце Николов“ во Карпош 3, ја посетија полициската станица Карпош.  Имено, дечињата од возрасната група од пет до шест години, одблизу се запознаа со надлежностите, функциите и работните обврски на лицата кои се задолжени за одржување на јавниот ред и мир.

По тој повод денеска, полициските службеници предводени од командирот на полициската станица Карпош, Владо Симјановски, практично им објаснија на малите карпошани што подразбира професијата полицаец и со какви предизвици се соочуваат тие. Преку оваа практична настава се опфаќа социо – емоционалната компонента кај дечињата, кои треба конкретно да се запознаат со професиите кои се карактеристични за едно современо општество. На денешниот едукативен час присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Во таа насока, дечињата од поголемата група неодамна беа  во посета на телевизиската куќа Канал 5 каде се запознаа со новинарската професија, додека пак во претстојниот период во рамки на образовната агенда, малите карпошани се превидува да ја посетат Владата на РСМ.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Карпош: Субвенции за постоечки и поставување на нови лифтови во зградите

0
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка...