spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Отворен ден на АСУЦ Боро Петрушевски

Град Скопје: Отворен ден на АСУЦ Боро Петрушевски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера по повод патрониот празник го посети средното училиште на Град Скопје АСУЦ “Боро Петрушевски”, каде што беше организиран Отворен ден на кој присуствуваа претставници на претпријатија коишто се долгогодишни социјални партнери во развојот на стручното образование.


– Со воведувањето на дуалното образование во образовниот процес во средните стручни училишта на средношколците им се овозможува да се стекнат со практични знаења и да бидат веднаш вклучени во работните процеси и без потреба доквалификување. Овој тип на образование ги прави учениците попродуктивни и поконкурентни на пазарот на труд и целосно подготвени да се вклучат во работниот процес и веднаш да најдат вработување – истакна Арсовска.


Директорот на АСУЦ “Боро Петрушевски” истакна дека патрониот ден на училиштето е одлична можност на едно место да се соберат релевантните образовни институции, поддржувачи на стручното образование, средношколците и потенцијални нови ученици во АСУЦ.

– Овде денеска се и матурантите, на кои им овозможуване потенцијални вработувања со нашите долгогодишни социјални партнери-претпријатијата, и сето тоа во насока на развој на стручното образование – изјави Горанчо Николовски, директор на АСУЦ “Боро Петрушевски”.

Во училиштето беше организиран саем со поставени штандови од претпријатијата кои се соработници со училиштето и каде што средношколците од АСУЦ посетуваат практична настава, а дветооделенците имаа можност одблизу да се запознаат со струките и можностите за нивниот понатамошен професионален развој. Организираниот Саем за вработување е можност за матуранти од училиштето да бидат интервјуирани од претпријатијата и да обезбедат вработување.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...